Epson L3110 Series Quick Manual - Page 18

Browse online or download pdf Quick Manual for All in One Printer Epson L3110 Series. Epson L3110 Series 40 pages.
Also for Epson L3110 Series: Quick Manual (48 pages), Start Here (4 pages), Quick Manual (48 pages), Quick Manual (48 pages), Quick Manual (36 pages), Start Here (2 pages)

Epson L3110 Series Quick Manual
Серија L3100 / Серија L3110
Важни безбедносни упатства
O Користете го само струјниот кабел што е испорачан со печатачот. Употребата на поинаков кабел може
да предизвика пожар или електричен удар. Не користете го кабелот со каква било друга опрема.
O Проверете дали вашиот кабел за наизменична струја ги исполнува соодветните локални стандарди за
безбедност.
O Освен како што е конкретно објаснето во вашата документација, не обидувајте се сами да го
сервисирате печатачот.
O Не дозволувајте струјниот кабел да се оштети или излиже.
O Ставете го печатачот блиску до ѕиден штекер каде струјниот кабел ќе може лесно да се исклучи.
O Не поставувајте го и не складирајте го производот надвор, во близина на прекумерна нечистотија или
прашина, вода, извори на топлина, или на места што се подложни на електрични удари, вибрации,
висока температура или влажност.
O Внимавајте да не истурите течност на производот и да не ракувате со производот со влажни раце.
O Чувајте ги шишињата со мастило и резервоарот со мастило вон дофат на деца и не пијте го мастилото.
O Не протресувајте го шишето со мастило премногу силно и не нанесувајте прекумерна сила затоа што
може да дојде до истекување на мастилото.
O Внимавајте шишињата со мастило да бидат исправени и не изложувајте ги на удари или температурни
промени.
O Доколку ви капне мастило на кожата, измијте ја кожата темелно со сапун и вода. Доколку ви влезе
мастило во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Доколку чувството на неугодност или проблемите со
видот продолжат и по плакнењето, веднаш јавете се на лекар. Ако ви влезе мастило во устата, веднаш
одете на лекар.
Упатство за контролната табла
Копчиња
Го вклучува или исклучува печатачот.
Почнува еднобојно или копирање во боја на обична хартија A4. За да го зголемите бројот на
копии (до 20 копии), притиснете го ова копче во интервали од 1 секунда.
Ја запира тековната операција. Држете го ова копче 5 секунди додека не затрепка копчето
за да активирате чистење на главата за печатење.
18